Комуналците на терен да го подигнат отпадот, сликата разочарувачка.
Стари кревети, јоги, врати, вреќи со градежен шут, отпад од реновирање, стакло и стаклена аблажа, отпад од градини и бавчи, стари расфрлани алишта од пребарувачите по контејнери и што ли уште не е утринската слика околу контејнерите. Дел од контејнерите иако беа полупразни, околу нив се оставени купишта отпад. Станарите од повеќе станбени населби реагираат дека наместо контејнерите да ги користат само тие, штета им прават од околните куќи и случајните/ намерни минувачи кои исфрлаат неконтролирано различен отпад.
Иако некои категории на отпад никако не треба да се одложува на овој начин, сепак, поедини граѓани не сакаат ниту да слушнат дека за посебните категории на отпад треба да се обратат до „Комуналец“. Уште еднаш да кажеме, габаритен отпад комуналциите подигаат бесплатно од домовите секој четврток со најава на тел: 048/428-992 на емајл: presskomunalec@yahoo.com и во порака на ФВ страницата. Единствено се наплаќа за градежен шут за подигање со трактор 620 денари и контејнер од 5 м3 1360 денари.