На потег се граѓаните да внимаваат на својата животна средина, и сиот собран отпад без оглед на количините да го предаваат на јавното претријатие „Комуналец“.
На овој тешко пристапен терен за градежни машини над т.н. населба Мексико, несеовесни граѓани исфрлиле над 200 м3 отпад. Населението е посетено од комуналните служби и замолени се да соработуваат со комуналните работници, а доколку имаат поголеми количини на отпад да се обраќаат во јавното претпријатие, за кој отпад би се нашло заедничко решение за истото да не заврши на сегашното диво одлагалиште на отпад, кое се протега се до заштитената зона од Марковите Кули.