– Одделение за гробишта
– оддел за одржување на гробишта

– Одделение за хортикултура

– Одделение за капела.

СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ГРОБИШТА – работи и работни задачи

Со Секторот за управување и одржување на гробишта раководи раководителот на овој сектор.

Основна дејност на секторот е начинот на определување, изградба, одржување и употреба на видови на гробишта, управување со гробиштатам употреба на гробно место и гробница, вршење работи на изградба, реконструкција и одржување на гробишта, давање право на употреба на гробни места како лична службеност, одржување и уредување на меѓугробен простор и услуги поврзани со покоен во капела.

Секторот управување и уредување на гробишта управува со Новите градски гробишта во Прилеп, врши одржување на Старите градски гробишта – Рид во Прилеп, како и со Капелата во Новите градски гробишта во Прилеп.

Овој сектор постојат Одделение за гробишта, Одделение за хортикултура и Одделение за капела.

Одделението за гробишта ги опфаќа работите во врска со издавање на дозвола за погреб за покојните, давање на употреба на гробни места за вршење на погреб, организирање на погребите во капелата, како и други работи поврзани со организација на погребите.

Во ова одделение има посебен оддел за одржување на гробишта.

Одделението за хортикултура ги опфаќа работитте во врска со одржување на хигиената на меѓугробниот простор, уредување на гробиштата со бетонирање на патеките за гробни места, како и одржување на редот на гробиштата.

Раководител на Сектор Гробишта
Виолета Петреска
070/208-103

Заменик раководител на Сектор гробишта
Венета Јованоска
075/282-347

Заменик раководител на капела
Александра Смилеска
048/412-902

Раководител на Одделение гробишта
Бранко Топчиоски
071/218-453

Одговорни шефови на гробишта
Јовица Талески
071/237 074
Сенат Шабаноски
071/ 234 050

Сашо Дукоски
Рефрент за одобренија
075/257-347

Капелари
071/237-064