Почитувани граѓани, ЈКП „КОМУНАЛЕЦ“ – Прилеп отвори електронско пријавување на мито и корупција во сопствените редови.
Анонимноста и дискрецијата на корисниците е гарантирана и важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.
Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб-страницата на ЈКП„КОМУНАЛЕЦ“ – Прилеп, www.komunalecprilep.com.mk или со испраќање на e-mail на следнава адреса: prijavikorupcija@komunalecprilep.com.mk
Заинтересираните службеници и граѓани можат да контактираат и со овластеното лице за заштитено внатрешно пријавување Илија Дамески, на следните контакти:
е-пошта: ilija.dameski@komunalecprilep.com.mk
телефон: 075-207-474
Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против злоупотребите во работата и корупција.