ДИРЕКТОР
Љубиша Јованоски
вд директор
дипломиран економист
048/428-992
Љубиша Јованоски е дипломиран економист, вршител на должност – директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Јованоски на позицијата доаѓа со јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.
Јованоски е со солидна теоретска и практична основа во управувањето, финансиското планирање и организацијата на деловни системи. Неговото образование му овозможува систематски пристап кон раководење, анализа на трошоци и приходи, како и ефикасно користење на ресурсите. Со своите стручни знаења и професионален пристап, Љубиша Јованоски поседува капацитет да раководи со јавно претпријатие на одговорен, транспарентен и економски оправдан начин во делот на јавните услуги.
Визијата на Љубиша Јованоски е современо управување со отпадото, усогласено со националните и европските стандарди и импелементација на регионалното управување со отпадот. Зацртаниот пат во делот на слекција на отпадот е приоритет за Јованоски, како и завршување на започнатите проекти,проектите кои с во оперативен почеток, и проектите кои се во зародиш и се дел во форма на техничка документација кои се работат со Локалната самоуправа од Прилеп.
Преку транспарентно работење, континуирано унапредување на услугите во јавната чистота и одржувањето на паркови и зеленило, назначениот вршител на должност е подготвен јавното претпријатие да биде пример и во јавната чистота.