ЈКП ,, Комуналец’’- Прилеп
ул,, Питу Гули’’, бр. 2

 

Дирекција
048/428 992- централа
presskomunalec@yahoo.com

 

Финасии и сметководство
048/ 428 992-централа
komunalecprilep@yahoo.com

 

Јавни набавки
javnikomunalec@yahoo.com
048/428 992

 

Нови гробишта
048/412 902

,,Комуналец“ – Прилеп

Јавно комунално претпријатие, основано 1975 година од Собранието на општина Прилеп.

ЈКП ,,Комуналец“ – Прилеп е претпријатие кое е формирана во 2004 година, со делба на Комуналното претпријатие. Основна дејност е собирање, транспортирање и депонирање на отпад и одржување на јавна чистота. ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, управува со Старите и Нови градски гробишта и капела, а во склоп на претпријатието формирано е ДОО „Терминал-Комуналец“ – Прилеп.

Дејности, работа и обврски:

  • Собирање, транспортирање и депонирање на отпад
  • Одржување депонија Омец „Алинци“
  • Селекција на отпад
  • Механичка работилница (одржување на возен парк)
  • Браварска работилница (изработка на урбана опрема)
  • Чистење диви депонии
  • Чистење речно корито
  • Одржување на улици и тротоари
  • Подигање и одржување на паркови
  • Воведување и одржување на технолошка вода за полевање
  • Кастрење и сечење дрвја
  • Одржување градско зеленило
  • Одржување спортски терени
  • Управување и одржување на Градски гробишта и капела
  • Шинтерска служба
  • Терминалски услуги
  • Угостителски услуги
  • Услуги за градски манифестации

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Приоритет на Комуналец се примарната и секундарната селекција на отпадот, кои се детално разработена во тригодишниот План за работа за 2016, 2017 и 2018 година и во Програмата за управување со отпад за 2018 година. Со Планот за работа предвидено е да се креаираат политики и изработи и комуникациска стратегија, со која се планира да се подобри комуникацијата со бизнис секторот (произведувачи на големи количества на отпад за рециклирање), граѓаните-корисници на услугите од ЈКП „Комуналец”, медиумите, вработените и јавноста воопшто.

Со цел:

• Да се воведат нови Еко технологии за селекција на отпад
• Да се научи нешто повеќе за услугите/ новите предизвици и работата на ЈП.
• Да се понуди нешто повеќе од порака: емотивно да се допре до целната група
• Целната група сама да „открие” што е придобивката со водевувањето на новите технологии.
• Со ова ќе се делува на раководството на ЈКП- „Комуналец” од прво и второ ниво за потребата од подобра комуникација и едукација на вработените преку теренската работа да влијаат на јавното мислење, а со тоа да се гради добра репутација за Јавното претпријатие.
• Преку едукација, промоција, транспарентност и отчетност да се делува на свеста на корисниците на услуги (граѓаните и бизнис секторот), како и младата популација која долгорочно би се грижела за зачувување на животната сердина. Воедно, преку селекцијата на отпадот да се подобри економската и социјалната состојба во општината.
• Да се градат и креираат политики на ниво на општина ( градоначалник, Совет на општината и општинската администрација) дека , напредните технологии за третирање на отпадот се клучот за успешна општина, со дадено позитивно мислење од релевантни фактори од Европската унија.
• Да се обезбеди редовно и навремено информирање на јавноста околу работењето на комуналното претпријатие преку унапредување на комуникацијата со медиумите.

– суровина – отпадни материјали
– селектирање и рециклирање – примарна селекција 75% имплементација во инфраструктура
– секундарна селекција – планирано 2019 – 2025
– компостирање – Добиен проект од ЕУ со вредност од 10.000.000 ден, имплементација 2018 – 2021
– биогас – потребно испитување
– спалување – непотребно
– депонирање – Регионална депонија во Пелагонискиот плански регион

ПРОЕКТ – КОНТЕЈНЕРСКА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД по ЈПП, институции, згради, станбени населби…

Направени се еколошки острови со поставување на три контејнери за органски отпад, хартија, најлон, разноразни пакувања и Пет амбалажа, пластика и други рециклибилни материјали.Направена е хала во механичка работилница за потребите на мануелната доселекција. Набавени се 3 преси за пакување/тонгирање на хартија и пластика , најлон и др. отпадни материјали.Од стари и нефункционални 100-тина контејнери, денес во градот поставени се 502 контејнери за мешан комунален отпад, 415 мрежасти контејнери за селктиран отпад и 21 контејнер од 5м3 за градежен шут , инвестиција од сопствени средства и 45 Игло контејнери за селекција на стаклена амбалажа, донација од Пакомак. Или вкупната инвестиција за потребната комунална инфраструктура е околу 12 .000.000 ден.

ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА ВО ИНДИВИДУАЛНИ ДОМАЌИНСТВА

Прилеп е еден од ретките градови каде се примени и функционира примарната селекција на отпад и во домаќинствата. До 2018 година набавени се 18.261 илјади канти за отпадоци и распределени во домаќинствата . Со ова, 75 проценти од градот е опфатен со примарната селекција каде ЈКП,„Комуналец“ со склучување на договори со граѓаните ги распредели кантите за сува и влажна постапка за селекција на отпад. Инаку, овој модел е применет во многу европски градови. За набавка за кантите за отпадоци, Јавното комунално претпријатие досега има инвестирано 21.913.000 денари. Во месец февруари и март за прва пат ги вклучивме и населените места со распределени и 1073 канти кај 582 корисници на услуги. Со ова, за прв пат ги вклучуваме и селата во примарната селекција на отпад. Вклучени се моментално 11 села, а месецов започнуваме да распределуваме уште 1500 канти во населените места од завршената постапка за јавна набавка. Веќе набавуваме три нови возила за потребите за правилното третирање и управување со отпадот.

ЈПП – ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО

Под поимот Јавни Површини (Ј.П.) спаѓаат сите јавни површини на територијата на Општина Прилеп.
Постојат два вида на Ј.П. по основ на начинот на одржување за да бидат во функција за потребите на граѓаните на Општина Прилеп:

Јавно Прометни Површини (Ј.П.П.) кои се во функција на граѓаните за одвивање на сообраќај на граѓани и возила и тоа:
-Тротоари
-Улици
-Плоштади
-Спортски терени

Јавно Прометни Површини – Паркови и Зеленило (Ј.П.П.П.З.) кои се во функција на граѓаните за одмор и рекреација се:
– Паркови со ниска вегетација
– Паркови со висока вегетација
Покрај сите јавни интереси за да се одвива животот на граѓаните на Општина Прилеп и горе наведените јавни површини, нивното одржување и степен на чистота е доста важен фактор, за човекот, за неговото здравје и нормалното движење по Јавните површини. За да се има увид во одржувањето на јавната чистота на Ј.П. како и степенот потребен за чистота на Јавно прометните површини, потребно е планиран пристап во димензионирањето на работата, човечки ресурси и механизациј, а за тоа е потребно да се утврди :
– Степен на чистота на Ј.П.
– Димензиите, форма и вид на Ј.П.
– Начинот на одржување на јавната чистота.
– Пресметки за норми на работи и работни задачи во Ј.П.
– Димензионирање на механизација
– Димензионирање на работна рака

ПОТЕКЛО И ВИД НА ЃУБРЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Отпадот( отпадоците) на Јавните површини е од разноразно потекло и се состои од:
Секојдневен отпад .

а) Обично улично ѓубре:
– хартии од разни паковања
– најлони од разни паковања
– пет- амбалажа
– други видови пластични паковања
– кутии цигари, и цигари отпушоци
– разни прехранбени материјали

б) Отпадоци од возила.
– при превоз на градежни материјали
– при превоз на овошје, зеленчук и др. растенија
– при товарање и растоварање на градежен материјал
и растенија
– испуштање на различни масла од возилата

в) Загадување од атмосфера.
– загадување од чад, прав
– гасови од моторни возила
– топење од снегот оставаат разни прашини
– при интензивни врнежи се создаваат наноси

Сезонско ѓубре.

– Лисја од дрвја, цвет, суви гранки и сл.
– Разни зелени остатоци од земјоделски насади
– Песок , гранулат кои служат за топење на снегот во зимски услови

Според начинот на живеење и работење на луѓето во градот и општината се јавуваат сложени барања за одржување на јавната чистота што е условено од многу фактори како што се :

– Густина на население.
– Густина на возила.
– Станбен простор.
– Културни навики на населението.
– Самодисциплина на граѓаните.
– Придржување на законски прописи.
– Придржување на локални закони
-Придржување на позитивни подзаконски акти од разни институции

ЈАВНО ПРОМЕТНИ ПОВРШИНИ

За изработка на организационен план за чистење на Ј.П.П. меѓу другото потребна е и категоризација на Ј.П.П.
Категоризацијата на Ј.П.П.зависи од:
– Густината на населението
– Густина на сообраќај
– Правците на движење на граѓаните и возилата до фирмите и домовите.
Имајќи го во предвид искуството во работењето и погоре
наведените специфичности, а во за висност од економската моќ на
граѓаните и фирмите потребна е следната категоризација.

РАБОТА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ.

Во зимски период кога паѓањето од снег се поголеми од 15 см. до колку Центарот за управување со кризи нема издадено посебна наредба,
работниците кои ја одржуваат чистотата на јавните површини ќе работат во центарот на градот и тоа:
– Отварање на пешачки премини.
– Отварање на пешачки патеки по тротоарите и плочниците.
– Целосно чистење на мостовите.
– Чистење на снегот од ивиците на коловозот да можат сливниците да функционираат.
– Чистење и празнење на уличните корпи за отпадоци.

СТЕПЕН НА ЗАГАДЕНОСТ.

Степенот на загаденост на Ј.П.П. дефиниран е со количеството на (м3) на единица површина (м2).
Степенот на загаденост влијае од многу фактори и тоа:

– Густина на население.
– Густина на возила.
– Станбен простор.
– Културни навики на населението.
– Самодисциплина на граѓаните.
– Придржување на позитивните прописи.

Нашиот град врз основа на горе наведеното е со голем степен на секојдневна загаденост.

ГРАДСКИ ГРОБИШТА

Гробиштата се урбанизирана површина од 32 ха. која посебно се уредува и од која досега е искористено 65 % од површината .
Со оглед на евиденцијата која ја води ЈКП„,Комуналец“ – Прилеп, а извлечено од податоците и споредбите од годините 2012, 2013, 2014, 2015,2016 2017( август месец) , за 2018 год треба да се подготват и изработат :
• Две нови типски парцели
• Четири нови стандардни парцели
• Изведба на 600 м2 бехатон патеки ( зависно до финасиите)
• Засејување на 1000м2 тревнати површини
• Засадување на 300 садници дрвја
• Поставување на контејнери за мешан отпад за селекција и корпи за отпадоци.
• Изведба на ободни канали- по потреба
• Редовно одржување на градските гробишта( косење, метење, отстранување на отпад, кастрење дрвја, режење на хортикултура отворање патеки во зимски услови, чистење снег )

КАПЕЛА – нови градски гробишта

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа на Општина Прилеп во 2008 година отпочнаа изградба на Капела во Новите градски гробишта м.в.Песиобрдци во согласност со урбанистичките и санитерните прописи за изградба на објекти од ваков карактер. Капелата се освети на 10 октомври 2014 година. Финансиските средства за изградба на Капелата ги обезбедија Локалната самоуправа и ЈКП,,Комуналец,,-Прилеп од редовното работење.
Во 2015 година во Капелата на Новите градски гробишта заклучно се изведени 217 изложувања на покојни. Или, ако вкупниот број на починати лица во 2015 год е 771 погреб, процентот на капелска услуга за време на погреб е 28, 14% . Во 2016 год. извршени се 761 погреб , од кои 263 од починатите се со капелско изложување. Или процентот од вкупниот број починати во 2016 год е 34, 56 %. Додека заклучно со август 2017 год извршрени се 5012 погреби од кои 263 се со капелско сместување , или во проценти 51,90 % .Нашите проценки се дека во 2018 година процентот на искористеност на Капелата би бил околу 65%. Три години е доволен период за населението да се прилагоди на новите законски прописи за задолжително капелско сместување во места каде што има изградено Капела. Од 2018 година општината( преку инспекторатот) и Комуналец да воведат задолжително капелско сместување. Населението ќе мора да ги прифати стандардите за време на погреб, а полека да се одбегнуваат навиките и традицијата. Како Јавно комунално претпријатие, оставивме доволно простор населението да прифати сместување и изложување во Капела, а Инспекторат очекуваме да го спроведе Законот.

Времето (терминот) на погреб, времето на започнување и траење на користење на Капелата и ладилникот се определуваат од Управителот, според редоследот, распоредот, капацитетот, слободно место и простор и потребите на редот и непреченото вршење на дејноста и овозможувањето на погреб и погребни услуги за корисниците на услуги.(содржано во Правилник за работа) кој е донесен на седница и одобрен од Управниот одбор при ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп.
За погреб на починато лице, операторот до управителот поднесува Барање за добивање Одобрение за погреб , кое содржи податоци на починатото лице со прилог документација издадена од овластено лице, со која е констатирана смртта на починатиот. Операторот, пријавувањето на погреб го врши во присуство на носителот на гробното место, односно лицето кое склучило-склучува Договор за доделување на употреба на гробно место, или Договор за трансформација на статусот на старо гробно место во доделување на употреба со право на службеност.
Починатиот до мртовечницата се носи со специјално возило за таа намена. Во Капелата се создадени сите можности за капење на починатиот, средување и облекување. Ова се прави по желба на семејството на починатиот. Починатиот се сместува во мортален ладилник за кој е предвидена цена од час. Изложувањето на починатиот во салата за погребални церемонии ќе се врши по барање на семејствотото на починатиот со време кое самите ќе го одредат, и со пресметан час на чинење од изложување пред погреб на починатиот.
За семејствата на починатиот во Капелата предвидени се две засебни простории за одмор, за две семејства, ако се појави потреба од истовремено изложување на починатите.
Во Капелата, можат да се изведуваат четири погребални церемонии истовремено од христијанска вероисповест. Сместување на починатиот во морталниот ладилник и изложување во капелата, како и погребот, се врши по чинот на подмирување на сите надоместоци од страна на операторот или граѓанинот, кој го склучил-склучува Договорот за доделување употреба на гробно место кон Управителот, и по добивањето одобрение за погреб.
Превозот на посмртните останки на починати лица до мртовечница со ладилник, односно влезот во градските гробишта, операторот го врши со специјално погребно возило регистрирано за таа намена. Превозот на починати лица од Капела до гробно место се врши со специјално погребно возило со поворка со технички карактеристики за споро возење.
Ископот на гробните места операторите го вршат со технички средства и соодветна ХТЗ опрема за лицата кои вршат погребални услуги.
Управителот се грижи за редот и чистотата во мртовечницата со ладилникот и помошните простории како и за просторот околу истите.
Операторите на погребални услуги и граѓаните се должни да го почитуваат и да се придржуваат на редот и чистотата во и околу објектите.
Организацијата и Правилникот за систематизација на работнитеа места за работата во Капелата ја утврдува директорот на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп и Управителот, а се донесува со согласност од Министерството за информатчко општество , односно се одобрува од Управниот одбор.
Сето погоре, и многу работи кои се во надлежност на Управителот се содржани во Правилникот за работа .

ДООЕЛ „ТЕРМИНАЛ КОМУНАЛЕЦ“ – ПРИЛЕП

– Царинаки терминал
– Паркинг
– Царинска хала
– Угостителски услуги