Дали жителите од Тризла, каде претежно живее ромско население, во иднина ќе станат пример како се сака, чисти и почитува сопствената животна средина? Денес со месното население , вработени од јавното претпријатие, со алат, механизација и транспортни возила, се чистеа диви депонии, ромските гробишта, јавни површини и многу улици.

Граѓаните од Тризла покажаа високоразвиена свест и немаше домаќинство кое не ја поддржа акцијата, туку сите заеднички и сложно чистеа пред својот имот, многумина ги чистеа и косеа ромските гробишта, главните улици и помали диви депинии. Додека,, Комуналец”, исчисти големи количини отпад во околината. ЈКП„Комуналец“-Прилеп, ангажираше и дополнително транспортни визила, со цел да се соберат и транспортираат купиштата отпад, до депонијата во Алинци.
„Никиогаш досега не сме виделе олку голема желба за чиста и здрава животна средина кај жителите од Тризла“ – коментираа вработените од „Комуналец“, кои се жители на населбата.

Да се надеваме дека во иднина сиот куќен отпад ќе биде одлаган во кантите за отпадоци, или прописно спакуван до нив, а обврска на јавното претпријатие е да го собере комуналниот отпад од домаќинствата, без ограничувања на количината.
Тризла покажа и докажа дека само со организирани акции, заедништво и слога, чистото е убавина за живеење.
Пораката за чиста животна средина е испратена, свеста е на високо ниво, ако се цени по денешниот ден за ЧИСТО И УБАВО!













