Во новиот инклузивен детски забавен парк создадени се услови најмладите да го селектираат отпадот во посебна форма на канти

Во форма на молив поставени се канти за селекција на отпад во паркот за забава и рекреација, кој е сместен во парк – шумата Могила. Целта е најмладите да практикуваат правилни навики и искоритените стаклени шишиња, Пет амбалажа, хартија и амбалажа од картон, органски отпад ( остатоци од храна),како и метална амбалажа (лименка, конзерва) да го препознаваат и одвојуваат, да создаваат правилни навики во селектирањето на отпадните материјали, но и да се едуцираат и научат како правилно се управува со отпадот. Односно, дека сиот отпад има свое место и тој најмалку треба да е исфрлен во парк, или во природа.

Воедно, паркот го посетуваат и Основните училишта каде на најмладите на практичен начин им се врши обука и низ предавање за зачувување на природните ресурски и колку е битна чистата животна средина им се објаснува колку е приоритетно да се рециклира отпадот, односно од отпадот да се направи нов корисен производ.

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа постојано ја зајакнуваат комуналната инфраструктура и ги зголемуваат ресурсите потребни за соодветно селектирање, а се работи и на зголемувањето на свеста и однесувањето на граѓаните. Како чинители во процесот на селекција на отпад, прилепчани и жителите од 16-те населени места кои се вклучени во прцесот на селекција на отпад по моделот „врата до врата“, се за огромна пофалба колку и како ја практикуваат куќната селекција.

Досега се вклучени над 13 илади семејства, а јавното претпријатие секојдневно има барања од граѓани кои сакаат да се вклучат во процесот на селекција на отпад, за што „Комуналец“, има постојана набавка и залиха од жолта и зелена канта за граѓанинот веднаш да може да биде услужен и да се започне да го селектира отпадот.
Најмладите се битната алка и во домаќинствата, тие го движат светот, и со своето знаење и однесување создаваат здрави навики и се двигател во секоја област, па и во управувањето со отпадот.

Податоци кои ја интересираат јавноста:

  • Светот генерира 2,01 милијарди тони комунален цврст отпад годишно;
  • Со повеќе од 33 проценти од отпадот се управува на еколошки небезбеден начин;
  • Глобалниот отпад се очекува да порасне до 3,40 милијарди тони до 2050 година, во исто време се предвидува и двојно поголем пораст на населението.
  • Генерално, постои позитивна корелација помеѓу создавањето отпад и зголемување на нивото на приход во државите. Кај државите со висок приход дневното создавање на отпад по глава на жител се предвидува да се зголеми за 19 проценти до 2050 година, во споредба со земјите со низок и среден приход каде што се очекува да се зголеми за приближно 40% или повеќе.
  • Македонија како држава со висок среден приход во годините што следуваат ќе го зголеми конзумирањето на отпад , а со тоа и доаѓаат обврските за соодветно управување со отпад.

Извор: Светска Банка

Можеби ќе ви се допадне