Почитувани сограѓани, нека Ви е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот!
За празничниот ден препорачуваме и замолуваме
- Граѓаните кои Денот на трудот ќе го поминат на вештачкото езеро, отпадот кој ќе го создадат да го одложат во контејнерите од 1/1 м3 на паркинг просторот, постојните контејнери до паркот шума, и во контејнерот од 5 м3 кој ќе биде поставен по колскиот пат кој води кон езерото, пред викенд куќите.
- Граѓаните кои ќе посетуваат други излетнички места околу градов отпадот да го соберат во кеси и го одложат во контејнерите поставени по јавно прометните површини.
- Граѓаните кои имаат викендици, а не се вклучени во процесот на собирање на отпад, да бидат коректни и создадениот отпад да заврши во градските контејнери или куќните канти за отпад.
Овој празничен 1 Мај да бидеме трудољубиви и да покажеме почит спрема животната средина.
Со почит,
Вработените од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп