Со убавото време и најавите од метеоролозите дека во наредниов период нема да има врнежи од дожд, комуналците интензивно ги косат зелените површини на Старите градски гробишта.
Според големината на гробиштата и зелените површини со бујна вегетација, од оперативниот оддел на гробиштата највуваат дека со второто косење ќе се заврши до карајот на неделава.
Инаку, вкупната површина која ја одржува „Комуналец“ на Старите гробишта е 50 749 м2.