Покрај редовните оперативни работи кои ги имаат комуналните работници за одржување на старите и новите Градски гробишта, деновиве се работеше и на тампонирање на оштетениот обиколен пат кај гробишта – Песјобрдце, и тампонирање на влезовите во старите гробишта, или горна порта.
И покрај тоа што временските услови не им беа во прилог на комуналните работници за оперцијата косење и собирање на зелен отпад, сепак со помош на косачи од Одделението за паркови и зеленило, планирано е до петок да се заврши и со оваа операција.
Заради хигиена во гробиштата, а посебно пред и за време на празниците се замолуваат граѓаните да ги користат контејнерите и кантитите за одложување на отпад.