И покрај неповолните временски услови, вработените од Градските гробишта брзаат да ги извршат сите операции пред Велигденските празници. Се косат тревнатите површини, се собираат отпадоците, се чистат пристапните и приодните патеки, а се исчистени и одводните и ободните канали.
Од Секторот управување и уредување со градски гробишта, информираат дека ќе работат и за време на празниците, со цел да се постигне поголема чистота во Градските гробишта.
Воедно, упатуваат апел кон граѓаните кои пред сам ти ден Велигден, ги чистат гробните места да ги употребуваат контејнерите и корпита за отпадоци.