Денешниов ден, 21 март во општинава беше богат со активности, со цел да се даде поголемо значење на Денот на екологијата, и да се испратат пораки за чиста животна средина. Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ја продолжија акцијата за чистење на сите диви депонии околу градов, а со градежни машини се чистеше дивата депонија после надвозникот кај Салида на патот за Прилепец.
И покрај многуте активности увид во работата на јавното претпријатие и одбележувањето на денот кога се буди и заштитува природата изврши и градоначалникот Борче Јовчески, кој се интересираше за распоредот на предвидените за чистење диви депонии како и за динамиката на работата.