Низ фотографија, срамот од несовесните граѓани на патот кој води кон надалеку прочуената Камена баба
По чистењето на неколку диви депонии во околината на градот, крајно разочарувачка е сликата со дивата депонија на патот за езеро.
Огромни количини на градежен шут, пластичен отпад, електричен и елекетронски отпад, стар мебел, облека, сунгери, најлон, отпад од кастрење и што ли уште не, успеале несовесните граѓани да натрупаат на дивата депонија од двете страни на патот кој води кон Камена баба. Оваа локација е позната по тоа што градов, секоја година е домаќин во натпревари во Болдеринг, или качување по екстремни карпи, кога доаѓаат странски натпреварувачи и туристи од целиот свет.
Денеска Комуналец, со градежни машини и со помош на Мермерскиот комбинат, како општествено одговорна компанија, започнаа да ја расчистуваат оваа дива депонија. По колскиот пат од двете страни, сликата е срам за сите нас. Дивата депонија се простира во должина од два километри, со над 350м3 исфрлен отпад.