Иако депонијата под касарни се чисти редовно, гледката е повеќе од разочарувачка. Стари алишта, цемент, цигли, отпад од кастрење, азбестни табли, кревети, јоги и што ли уште не, чистеа денеска комуналците од дивата депонија под касарната.
И покрај апелите од комуналците, загадувањето на животната средина никако да престане.
Секој отпад го собира Комуналец со дополнително возило од редовната линија, освен граддежниот шут. Јавете се на тел: 048/428-992, бесплатно ќе биде собран и транспортиран.
Но, и понатаму телефонот од Комуналец ретко звони за вакви потреби, затоа пак, убавата природа ја нагрдивме за навек.