Акција за темелно чистење на Градските гробишта

Со помош на Секторот паркови и зеленило, вработени во јавната администрација и доброволци граѓани, неделава ќе се прави темелно чистење на Градските гробишта.

Акцијата започна од денеска, а комуналците секојдневно ќе се ангажираат по групи, со цел да се доведат во ред гробиштата.

Според в.д. директорот Ирена Станковска, зимата која траеше подолго со снежна покривка, остави зад себе многу отпад. Но, воедно гробиштата години наназад биле запоставувани, и се чистеле парцијално. Со акцијата, комуналците сакаат да покажат дека гробиштата заслужуваат поголемо внимание, зашто почитта спрема починатите лица, можеме да ја изразиме само со уредени и чисти гробишта.

Воедно, се планира пролетва да се засадат цветни алеи, зимзелени и грмушкасти украсни растенија во централниот дел од главната патека.

Можеби ќе ви се допадне