Комуналните работници денеска засадуваа украсни зимзелени растенија во центарот на градот.
Директорот Рубинчо Абрсшоски ја истакна потребата од обновување на многу оштетени и уништени растенија во централното градско подрачје, но и низ сите паркови кои ги одржува јавното комунално претпријатие.
Обновувањето на садници, но и засадувањето на нови планирани локации ќе продолжи се додека овозможуваат временските услови за засадување, односно до средината на мај.
Изминатава недела беа засадени 120 садници во населбата Точила, каде на одредени места веќе се одкорнати неколку садници.