По повод Денот на пролетта 21 март, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчеки, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, и општестевено одговирната компанија IWConect од Битола, засадија 120 садници украсна туја. Засадувањето започна од црквата Св„Петка“, во населбата Точила, а туја смарагд се засади и низ неколку паркови во градов.

„Огромна благодарност упатувам до сите општествено одговорни компании кои што даваат свој придонес за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита и зачувување на животната средина.“
Како компанија која има изграден имиџ на општестевено одговорна компанија, а фокусирана е на иднината на дигитализацијата и конекциите, IWConnect е компанија која редовно инвестира во својот роден крај. Со седиште во Битола, и канцеларии во Прилеп, Скопје, Амстердам, Хјустон, и Нови Сад, IWConnect успешно ја гради својата приказна повеќе од 18 години.
„Денес заедно со вработените, советниците и волонтери, засадивме 120 дрва од видот Thuja Smaragd во населбата Точила“ – изјави градоначалникот Борче Јовчески.