ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, започна со пролетното чистење на диви депонии. Денеска се чистеа неколку помали диви депонии по улицата Трајко Николоски. Во план е на почеток на акцијата да се исчистат неколку помали диви депонии со отпад во градот, а потоа според предвидениот план за работа да се чистат дивите депонии околу градов. Планирано е пролетва да се исчисти и транспортира во депонијата во Алинци над 2000 м3 отпад.
И покрај сите повици од комуналните работници дека било кој отпад може да се однесе до депонијата во Алинци и со сопствен превоз, со слободен влез за физичките лица и понатаму во и околу градов иако истите беа исчистени во 2022 година, повторно се затрупани со најразновиден отпад. Според проценките најмногу неконтролирано се одлага градежен шут.
Уште еднаш информираме дека за габаритен отпад и поголеми количини на зелен отпад, граѓаните треба да се обраќаат до комуналното претпријатие на телефон 048/428-992. Овој вид на отпад се собира дополнително секој четврток безплатно.
Додека за градежен шут и отпад од градење, „Комуналец“ со нарчка доставува контејнер од 5 м3 по цена од 1.360 денари, односно, за помали количини до 2-3 м3, услугата може да биде завршена и со транспорт со трактор со симболична цена од 630 денари.