Селекцијата на отпад кај граѓаните се зголемува, но одредени правни субјекти сеуште вешто ја избегнуваат законската обврска.
И додека граѓаните создаваат навики за селекција на отпад во две канти по системот на собирање „врата до врата“, одредени правни субјекти сеуште не ги почитуваат законските обврски, незнаат или не сакаат да платат, па и понатаму вешто го мешаат отпадот, или пак, го исфрлаат на диви депонии,отпадот кој произлегува од процесот на производство.
Некои од производствените капацитети на леб и бели печива го исфрлаат отпадот од процесот на производство во градските контејнери. Преработувачите на овошје, зеленчук, шумски плодови и др. воопшто не пријавуваат отпад, или ќе пријават еднаш годишно колку да имаат оправдување пред инспекциските служби. Она што штети на комуналното претпријатие е исфрлањето на отпадот на диви депонии, или насекаде низ природата. Вулканезирите ги исфрлаат старите гуми на диви депонии или во природа. Истото се случува и со работилниците за поправка на стар мебел. Додека, сервисните и услужни дејности за електичен и електронски отпад исфрлаат во природа се што неможе да се преработи или продаде. Дури и некои откупувачи на отпад, од кога ќе искористат сешто може да сепродаде, го мешаат отпадот со комуналниот со цел да не платат за негово уништување.
Но, мора да се пофалат и одредени прилепски стопанските субјекти кои во целост применуваат селекција на отпад. Некои од нив имаат склучено договори со колективни постапувачи и откупувачи на отпад и самоиницијативно го продаваат отпадот, но некои сеуште оставаат да го собира „Комуналец“. Како и да е, од комуналниот отпад немаат ќар ниту стопанствениците, ниту комуналното претпријатие, но, светската заложба е отпадот кој може да се искористи да не завршува на депонија.
Сепак од „Комуналец“, се задоволни од граѓаните, што одредени населби и населени места во целост ја применуваат селекцијата на отпад и научија дека сиот отпад не е за исфрлање на депонија, туку е русурс за нареден производ.
Заложбите на Европската Унија се јасни, а државава треба да исполни и одредени испорачани таргети во областа отпад, со цел заштита и зачуваување на природните ресурски кои се помалку ги има, како и заштита на почвата, подземните води и амбинталниот воздух. Засега на ниво на држава, само Општина Прилеп и јавното комунално претпријатие, вложуваат во оваа област и секојдневно се трудат да се зголеми процентот на селектиран отпад, со цел да се обучи населението да селектира отпад, но и да им се овозможи доволно комунална опрема за примена на селекцијата. Додека правните лица се должни да ја испочитуваат законската обврска.