Големи количини на отпад се транспортираат до депонијата во Алинци. Каналот беше затрупан со туби, канти, лонци, буриња, Пет амбалажа, облека, обувки, јоргани, па дури и постели и теписи.
Од „Комуналец“, апелираат до граѓаните за било кој отпад, и во било кои количини да се обраќаат до комуналците. Освен редовната линија се организира и друг транспорт кој е бесплатен. „Комуналец“,со цел да ја заштити животната средина дополнително наплаќа само за градежен шут и отпад од градење(мелтер, лепак, стиропор, лајсни и др).
Да научиме дека сиот отпад треба да заврши на депонија, и да создаваме здрава животна средина.
Јавното претпријатие е на располагање секој работен ден од 07:00 до 15:00 ч. за Ваши потреби.
телефон: 048/428-992
info@komunalecprilep.com.mk
presskomunalec@yahoo.com
www.komunalecprilep.com.mk
или во порака на ФБ, ЈКП Комуналец -Прилеп