Со засадувањето на туја смарагд, црвенолисна украсна слива и жолт јасен, заврши комплетната обнова на паркот во Врбејско маало. Паркот содржи бекатон патеки, зелени површини, детско игралиште за најмладите, комунална инфраструктура, осветлување и линија за технолошка вода.
На површина од 1000м2, паркот е наменет за жителите од населбата, но и за секој добронамерник кој би го посетил со цел да се одмори и релаксира.

Со оглед на почестите посети на парковите во овие жешки денови, од јавното комунално претпријатие ги замолуваат граѓаните, а посебно младата популација да внимаваат на ова катче, кое е од општо добро на сите жители од Општина Прилеп.