Се чисти дива депонија кај Жито Прилеп

По трет пат годинава се чисти дивата депонија по обиколницата во близина на Жито Прилеп. Несовесни граѓани на оваа депонија почесто истураат неупотреблива земја помешана со комунален отпад. Додека пак, обработувачите на мермер исфрлаат неупотребливи мермерни плочки и др. отпадени материјали, кои во Листата на видови отпад, која е во сила, и е истакната на Веб станицата од Министерството за животна средина, овој отпаден материјал е обележан со звездичка, или отпад кој содржи опасни супстанци.

И покрај апелите од „Комуналец“ дека сиот отпад треба да заврши на депонијата во Алинци, дел од граѓаните и бизнис секторот остануваат глуви на повиците.

Уште еднаш да кажеме дека поголеми количини на отпад граѓаните можат самоиницијативно со свој транспорт или транспорт од „Комуналец“ да го одложат во депонијата во Алинци, каде не им се наплаќа за влез. Додека пак, за бизни секторот се наплаќа симбилична цена од 60 за метар кубен. И покрај сите овие повилности кои ги овозможува „Комуналец“, а за кои се трошат финасиски средства за одржување на депонијата, никако да се научиме дека сиот отпад треба да заврши на депонија.

Колку со ваквиот начин и пристап придонесуваме и ние за климатските промени, треба да се запрашаме секој од нас.

Можеби ќе ви се допадне