За полесно одржување се рамни Градската река

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, започна со рамнење на градската река од потегот кај градскиот базен. Според оперативната служба земјениот дел во Градската река ќе се чисти и рамни се до мостот во населбата Димо Наредникот.

По изведбата на Пречистителната станица, речното корито остана со многу нерамнини, наместа со камен и други градежни материјали, што изминативе години тревнатиот дел од речното корито им стана проблем на работниците во одржувањето.

Со овој оперативен зафат треба да се доведе земјениот дел до рамна површина, и во иднина, тревата во речното корито да се коси со приклучни косилки. Поголема работа комуналците ќе имаат со утровар и транспорт на земјата од речното корито до депонијата во Алинци. Според проценката треба да се транспортираат над 1000м3 земја помешана со трева.

Можеби ќе ви се допадне