ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, и Локалната самоуправа ја започнаа акцијата за засадување на 1070 зимзелени декоративни садници, листопадни декоративни дрвја и посебни декоративни садници.
Од денеска акцијата започна да се одвива во сите основни и средни училишта и 4-те градинки од Детската установа „Наша иднина“, каде ќе се засадуваат зимзелени декоративни садници.
Во централното градско подрачје, во парковите низ градов и по дрворедите ќе се засадува: Туја ациденталис, Туја смарагд, Туја вудворди, Хемаципарис елводи, Магнолија, Јапонска цреша, Бела бреза, Албиција, и Платан.
Во план е паркот кај Градскиот саат да добие комплетно нов лик со хортикултурното уредување.