Расчистување на улиците по обилните снежни врнежи

По обилните врнежи од снег, комуналците од утрово се на терен и се расчистуваше најпрво централното градско подрачје, а потоа и сите тротоари на булеварот и тротоарите на главните улици. Исчистени се приодите на пешачките премини, отворени се патеки за движење низ плоштадите, а се работи и на отворање патеки низ парковите.

Од страна на ангажираните служби од Локалната самоуправа за чистење на улици комплетно е исчистен булеварот и сите пoголеми патни артерии низ градов, а според Програмата за работа се чистат и помалите улици.

„Со чистење ќе се придолжи во текот на целиот ден, со цел граѓаните да можат непречено да се движат низ градот, впрочем тоа е наша обврска, да овозможиме и по вакви големи врнежи од снег нормално одвивање на животот во градов“ истакнува првиот човек на „Комуналец“, Сашо Велески, и додава, ваквите состојби да не се користат за политички пресови со кои беспредметно се критикува јавното претријатие, кое пак, секогаш е на врвот на својата задача.

Од „Комуналец“ ги замолуваат граѓаните за трпение, зашто комуналците како и секогаш низ годиниве си ја извршуваат работата во најкраток можен рок, професионално и посветено, а секоја упатена намерна или ненамерна критика дополнително ја стимилира комуналската мисија за чист, уреден и убав Прилеп.

Можеби ќе ви се допадне