Соопштение

Почитувани сограѓани,

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ја информира јавноста дека од денес 5.02.2021 година, за директор на јавното претпријатие е именуван Сашо Велески, дипломиран машински инжењер.

Сашо Велески, на местото директор доаѓа од работното место раководител на Сектор за паркови и зеленило, при ЈКП„Комуналец“ – Прилеп. Велески, е со работно искуство од областа на менаџирањето во стопанството, претходно работи и како член на Управниот одбор во Телеком, а повеќе години е ангажиран и како советник во Советот на Општина Прилеп.

Со неговото работно искуство и познавањето на приликите и состојбите во јавните претпријатија, Велески, најавува многу новини во областа на правилното третирање и управување со отпадот, беспрекорна заложба за чист и уреден град, и здрава животна средина во општинава.

Со почит,
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне