Со убавото време и високите темпетатури комуналците неделава прават генералка на градот со миење на улиците, булеварите плоштадите и тротоарите.
На помош се земени и возила од против пожарната служба, со цел оперативно да се опфатат поголем број на улици.
Генералката ќе се одвива и во текот на утрешниот ден (недела) кога има помал проток на луѓе и возила. Комуналците брзаат да го исчистат градот пред најавените пониски температури, кога не е препорачливо да се мијат улиците од безбедносни причини.