Комуналните работници чистат по патот за Селце и манастирот Св. Димитрија

По чистењето на Индустриската зона „Прилепец 1“, комуналните работници косат застарени треви, отстрануваат трње и шипови, а теменлно се чистат пешачките патеки и крајпатните одводни канали за атмосферска вода, накај Селце и манастирот. Покрај собирањето на отпадоците, се врши и собирање и транспортирање на градежен шут и друг отпад кој е исфрлен на овој потег.

Како што најавивме, 2023 година „Комуналец“, ќе ја посвети на чиста и здрава животна средина околу градов, но ќе се опфататат и населените места. Целта на комуналците е да создадат врвна чистота, но и да влијаат на одредени несовесни граѓани да ги променат навиките на исфрлање отпадоци насекаде, да запре неконтролираното исфрлање на градежен шут и отпад од градење. Односно, ред е одердени граѓани во 21 век да навикнат да одлагаат отпадоци во канти или контејнери, а доколку на потегот каде се движат нема комунална опрема за одлагање, да ги зачуваат со себе и да ги одложат во најблискиот контејнер. На овој потег, Комуналец има поставено контејнери пред манастирот Св. Димитрија, кои служат за одлагање на селектиран отпад и мешан комунален отпад.

Инаку, овој локален пат го користат многу прилепчани кои го посетуваат манастирот, но и рекреативци и планинари кои се упатуваат до Топташ и Селечка планина, односно до Планинарскиот дом Пере Темелкоски.

Можеби ќе ви се допадне