Огромни финсиски средства се трошат за чистење, собирање и третирање на отпадот. Секоја година се чистат каналите, реките, езерата, падините, доловите…. се трошат пари и за справување со здравствените влијанија предизвикани од отпадот.
Се трошат парипостојано и беспотребно секоја година за истите локации каде неконтролирано се исфрла отпадот.
Замислувате ли околина без отпад ?!
Наместо да исфрлате отпад насекаде, потрудете се секој отпад да има свое место. Селектирајте што повеќе отпад: картон, хартија, ПЕТ амбалажа, плински боци, лименки, одводни пластични цевки, ролетни, туби, стари пластични буриња, пластични столици, гајби, детски пластични играчки, кујни пластичен прибор, сите пакувања од хемиски производи, чаши и платични шишиња од јогурт, и др.
Ве замолуваме стаклената амбалажа да ја одлагате во зелените ИГЛО контејнери распоредени низ градов.
Прилепчани покажуваат високо развиена светс за селектирање на отпадот. Мораме да делуваме на одредени граѓани кои сеуште доловите, каналите, ливадите, реките, и езерата ги користат како канта за отпад. 2025 година ќе биде година кога ЕУ крајно ќе ни одговори по однос на задените Таргети во делот на управувањето со отпадот. За да не се доведеме во ситуација на казни, мораме да работиме на развивање на свеста и совеста на населението. Казните сакале ние или не, ќе бидат неизбежни.
Можеме ли да не исфрламе отпад насекаде? Можеме!
И наместо Вашите пари да се трошат за постојано чистење, може да се употребат за создавање на подобро место за живење, односно да се искористат во материјални средства.Да бидеме разумни, да бидеме коректни и чесни кон идните генерации.
Селектирајте отпад, а се што во моментов неможе да се рециклира во Општина Прилеп, одложете го во зелената канта.
Кога имате премногу отпад за селекција, а не го собира во жолтата канта, оставете го слободно до нејзе.
Кога имате габаритен отпад, или зелен отпад од кастрење, тука е „Комуналец“, да го подигне со посебната линија за собирање на други видови отпад.
Телефон: 048/428-992
E-mail> presskomunalec@yahoo.com
komunalecprilep@yahoo.com
https://komunalecprilep.com.mk/pri-avi-ubre/