Комуналните работници во и околу Индустриската зона „Прилепец 1“, чистеа диви депонии, косеа високи треви и џбунови, се кастреа дрвја, а се отстрануваа и диво израстени растенија.
Како што најавивме, 2023 година, ќе биде година во која „Комуналец“, покрај редовниот оперативен план, ќе организира интензивно чистење и во околината на градов, со цел да се влијае на граѓаните и бизнис секторот, во иднина да внимаваат каде и како ќе исфрлаат отпад, но и да се изврши услуга повеќе за нив.

Со оглед што сега засега временските услови овозможуваат вакви поголеми акции, директорот Абрашоски и оперативната служба, за наредниов период изготвуваат дополнителен оперативен план како би се опфатиле поголем број на локации кои подолго време не се исчистени, а со цел да им се овозможи на граѓаните здрава и чиста животна средина.
Воедно, за првите пролетни денови се планирани и еколошки акции, каде доброволно учество би зеле и граѓаните.