За Ѓурѓовден комунлците повторно чистат кај Дабница

Иако минатата година Комуналец со механизација и транспортни возила го исчистија патот накај Дабница и местото каде ромското население од Тризла го празнува Ѓурѓовден, ова место изгледа повеќе од разочарувачки.
Купишта разноразен отпад е расфралан по колскиот пат и околу споменикот каде голем број од жителите од населбата Тризла се собираат на заедничка прослава.

Веќе неколку дена се механизација се чисти по патот и кај споменикот, а отпадот се транспортира и одлага во депонијата Алинци. Иако ова место е со споменично обележје, а воедно претставува збирно место за прослава за Ѓурѓовден, несовесните граѓани ја нагрдиле дотолку природата што не го поштедиле ни традиционалното место за славење на празникот Ѓурѓовден.

Можеби ќе ви се допадне