Неподнослива реа се шири од јавно направеното веце и од купиштата отпад веднаш до прозорите од зградата каде е сместен Центарот за деца со церебрална парализа, а каде несовесните граѓани во старата распадната и напуштена зграда исфрлиле се што не им треба.
Стар мебел, картони, најлон, пластични предмети од домаќинство, пет амбалажа, отпад од косена трева и градинарски растенија,отпадни гуми, масла и лепила, градежен шут и што ли уште не ја загадуваат околината во кругот на Центарот, Средното општинско училиште„Кузман Јосифоски – Питу“ и околните куќи.
Од утрово комуналците со механизација и зголемен број на работници го чистат овој напуштен објект, кој заради затворениот простор, при работата се креваат облаци од прашина, со што е отежнната работата на комуналците. Вклучени се и цистерните да го навлажнат отпадот за да може работата да се одвива непречено, но и да се заштити здравјето на вработените.
На прашањето до жителите од околните куќи, кој исфрла олкави количини на отпад во овој напуштен и руниран простор, дел одмавнуваа со раката, а дел од нив кои не сакаат да говорет јавно, велат дека отпад се носи од сите околни куќи, дуќани и работилници.
Како и да е, Локалната самоуправа и Комуналец, должни се да постапуваат согласно законската процедура и да го исчистат просторот, без оглед на тоа кој причинил и направил ваква штета.
Од менаџментот на Комуналец, истакнуваат дека со ваквите заложби и врвната услуга која ја нуди прилепски Комуналец, кој е истакнат и пофален на сите конференции и дебати во државава, никако да се стави крај на оваа немила појава. Тие додаваат дека и покрај воведувањето на бесплатн линија за собирање на отпад кој е во поголеми количини и кој е од видот на градинарски отпад, отпад од кастрење на дрвја или габаритен отпад, а кој отпад комуналците го собираат на повик, не можат да ги навикнат граѓаните да ја користат оваа бесплатна услуга.
Дел од отпадот исфрлен во овој простор или на дивите депонии е од бизнис секторот, посебно од малите работилници и дуќани. Од Комуналец, велат дека никој не е фер спрема нив и нивната врвна услуга и заложба за чист град, а за која граѓаните и бизнис секторот плаќаат најниска цена на услуга во државава. Само за споредба, еден дуќан од 30 м2, плаќа сметка од 94,оо денари. Ако земиме во предвид дека еднаш неделно оди возило да го подигне нивниот отпад, и ако земиме дека еднаш месечно се користи работник и возило да се достави сметката, каде е тогаш есаппот на комуналците, кои од истите пари треба да го чистат и сиот расфрлан отпад на јавните површини во градов и во околината на градов.
За крај, ќе завршиме со прашањето,од што е нашето незадоволство кон Комуналец? И покрај огромни заложби за чист град и животна средина не сакаме да ги испочитуваме комуналците, да се консултираме, да се јавиме, да прашаме, и да не упатат каде, како и кога ќе биде собран и одложен сиот отпад, таму каде што му е местото. Тешко ли е тоа, ако сите сме за чиста животна средина?!