Во паркот кај Основниот суд, „Комуналец“, работи на збогатување со нови содржини

Со убавото време паркот кај Основниот суд е еден од најпосетуваните во толите денови. Со оглед на големата посетеност на паркот и барањето од граѓаните да се обнови куќарката, денеска беше поставена нова, на местото на дотраеното и пресечено дрво на кое беше поставена старата куќарка.

Сите ја паметат старата куќарка, која беше отстранета заради нејзината дотраеност пред 3 година, истата беше поставена на крошната од дрвото и претставуваше атракција за најмладите. Новиот модел од куќарката нема можност да се постави како старата, но затоа е поставена на платформа.

Планот на Локалната самоуправа и „Комуналец“, е летово овој парк да добие нови содржини за забава на најмладите.

Можеби ќе ви се допадне