Отпад

И покрај нашите редовни објави и информирање до граѓаните дека „Комуналец“, било кој отпад кој неможе да го собере со редовната линија (освен градежен шут и отпад од градење), бесплатно го подига од домаќинствата, сепак, несовесни граѓани викендов го исрфрлиле отпадот на несоодветно место. Првата фотографија е од месноста Маркова чешма, каде „Комуналец“, посвети најголемо внимание да се исчисти викенд населбата од неколкуте диви депонии. Втората фотографија е од пунктот на поставените контејнери пред Ученичкиот дом „Орде Чопела“.

Уште еднаш да информираме дека за габаритен отпад (кревети, маси, столови, јоги, теписи идр. покуќнина) граѓаните да се јавуваат на телефон 048/428-992, на емајл: presskomunalec@yahoo.com , или со порака на ФБ страницата од Комуналец. Овој вид на отпад се подига со дополнителната линија која е организирана секој четврток.

Фотографиите се испратени од наши сограѓани, кои се загржени за појавата за неконтролираното исфрлање на отпад.

Можеби ќе ви се допадне