Во Општина Прилеп, успешно заврши акцијата „Администрацијата чисти“

Со добра координација помеѓу Локалната самоупрва, ЈКП„Комуналец“, институциите вклучени во акцијата и со помош на механизација и транспортни возила од бизнис секторот и јавните претпријатија, успешно заврши денешната акција за чистење во општинските атари.

Предвидените локации за чистење и мапирани од Општина Прилеп, и комуналците, беа во целост исчистени. Останува уште дел од собраните диви депонии, „Комуналец“ да ги транспортира и депонира во депонијата во Алинци.

Ваквите акции се корисни и од аспект на чиста животна средина, но и од едукативен аспект, каде граѓаните одблизу се соочуваат со проблемот и глетката на исфрлен отпад во природа и колку тој негативно влијае врз животната средина, а го нагрдува и визуелниот исглед на природата.

Кај нас, овие акции се спроведуваат многу ретко, но искуството од другите држави ни говори дека вакви акции спроведуваат општинските власти, училиштата, бизнис секторот, администрацијата и населението кое несебично дава придонес во ваквите акции, а е организирано од Месните заедници, или, кај нас наречените, Урбани заедници.

Во помалите градови на пр. во Германија, Австрија и Словенија, месното население повремено се организира да чисти во делот на опсегот на своето место на живеење.

Примерот кај нас говори дека најлесно е да критикуваме, а тежок дел ни е да се вклучиме во било која општествена одговороност и да дадеме свој придонес. Како и да е, ваквите акции да не се сфаќааат како популизам, туку како одговорност на единката кон зачувување на општите добра кои ни се дадени на располагање, и за кои само ние како граѓани можеме да покажеме грижа и акција.

Можеби ќе ви се допадне