Со спорстки натпревари, посета на културно историски споменици и дружба, викендов во Охрид се одржа спосртката манифестација „Комуналијада“ за вработените во Јавните претпријатија од Македонија. На манифестацијата учествуваше и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, а вработените своите спортски вештини ги покажаа во неколку дисциплини. Комуналните претпријатија по принципот секој со секого се натпреваруваа во фудбал, стрелаштво, пиг-понг, пикадо, и одбојка. За најдобрите екипи беа доделени благодарници, пехари и пригодни награди.