Согласно Програмата за комунално уредување и поставување на урбана опрема на Општина Прилеп за 2018 година, фирмата „Прилепски Текстилен Конзорциум“ увоз–извоз ДООЕЛ Прилеп, работи на рехабилитирање на детските игралишта и спортските терени во повеќе делови од градот.
Детските игралишта во населбите „Варош“, “Точила“ и “Типски“ добија нови подлоги, клупи, лизгалки и останати детски реквизити. Обележени се патеките на спортските игралишта, заменети се старите кошаркарски табли со нови, поставена е нова вештачка трева, а исто така е извршено и молерисување на постојните делови.
Исто така, „Комуналец“ работи на генерално чистење на населбите, а посебен акцент е ставен на просторот околу амфитеатарот во Варош, каде е обновена подлогата и поставени се нови дрвени седишта.
Работите на терен ќе продолжат и понатаму. На ред се детските игралишта во населбите „Рид“ и „Димо Нареднико“.