Општина Прилеп и сите јавни претпријатија во надлежност на Општината,, како и градежната фирма,,Изофас,, со денешната акција „Општините во Македонија-чистат“, иницијатива на Заедниците на локална самоуправа (ЗЕЛС), денеска исчитија и транспортираа до депонијата Алинци 200м3 комунален мешан отпад и градежен шут.
Една екипа со механизација од приватната фирма Изофас и ЈП „Прилепско поле“ чистеа на потегот од хотелот Салида кон бензиската пумпа „Лук Оул“, на патот за Скопје. Друга екипа со механизација од ЈКП „Комуналец“ работеа на потегот од хотелот Салида кон „Прилепска Пиварница“. Трета екипа пак со механизација од ЈКП „Водовод и канализација“ ја исчистија депонината на патот кон селото Оревоец и се отвори одводен канал покрај патот.
Градоначалникот Илија Јованоски им се заблагодари на вработените во јавните претпријатија и на градежната фирма „Изофас“ за покажаната еколошка светс во зачувувањето на животната средина. Воедно, изрази голема благодарност до „Прилепската пиварница“ која на „Комуналец“ му донираше машина за чистење на улиците во градов.
Упатуваќи апел до нашите сограѓани и градежните фирми да се грижат за екологијата и животната средина, за да не дојде до повтроно несовесно исфрлање на отпад на исчистените диви депонии, директорот на ЈКП„Комуналец“ Звонко Јованоски, потенцираше дека комуналците со сиот свој капацитет од механизација и човечки ресусри, продолжуваат со чистење на останатите диви депонии и определбата за чист град и природа без отпад.
Воедно, директорот Јованоски, нагласи дека отпадот има свое место за одлагање во контејнерите, кантите за отпад и депонијата Алинци, која е отворена за сите фирми да го депонираат градежниот отпад, без никаков надоместок.
Денешната акција покажа дека вработените, граѓаните и бизнис секторот имаат капацитети и голема општествена одговорност да се грижат за природните општи добра.