Деновиве, оперативата од градежни машини и теретни возила ќе ја чистат месноста Дабнички завој. На оваа локација регистрирани се неколку диви депонии, претежно со мешан комунален отпад.
Техничката оператива на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, врши лоцирање на дивите депонии и проценка на исфрлен отпад од различни категории отпад на годишно ниво. Поголемиот дел од исфрлените количини редовно се чистат. Но, и покрај заложбите на ЈКП„Комуналец“, да овозможи чист и уреден град, несовесните граѓани на овој дел од градот, никако да ја испочитуваат животната средина, во која и самите живеат.
Од Комуналец, информираат дека сиот комунален отпад без разлика на количините се подига од домовите по определениот План за подигање на куќен отпад.
Со ваквото неконтролирано исфрлање на комунален отпад се прави финасиско оптоварување на ЈП, и се загадува животната средина, која ни е оставена во аманет да ја чуваме за генерациите по нас.