По кастрењето на дрвјата „Комуналец“, започна со уредувањето на парковските површини во населбата Ѓогдере.
Ќе се засејува трева, ќе се изведуваат патеки каде што е потребно, планирано е хортикултурно уредување како и поставување на клупи и корпи за отпадоци. Ископан е бунар, и поставена е линија за наводнување со техничка вода.
Уредувањето на Ѓогдере ќе заврши кон крајот на месец април.