Се замолуваат жителите од Ѓогдере, дека дел од парцелите во станбениот блок се обработени и засејани со нова англиска трева. Со оглед на дождовите и мекоста на површините да се внимава при движењето , и да не се пуштаат слободно домашните миленици, со цел да не се создава нерамна површина од траги. Еден месец е доволен да се воздржат граѓаните од оваа населба, или до првото косење, кога ќе се создаде тревната и рамна површина.
Ова известување го правиме по пријава од граѓанин, кој не извести дека од соседните куќи се пуштаат слободно да шетаат домашни миленици.
Инаку, станбениот блок во Ѓогдере од оваа пролет ќе добие комплетно нов визуелен изглед со обновата на парковските површини, каде е предвидено да се постави и нова урбана опрема.