По финото рамнење на кејот по Дабнички канал се продолжи со доуредување на овој дел од градот. Се засадија дрвја по каналот од двете страни.
Останува на граѓаните да ги чуваат садниците и да се однесуваат совесно кон животната средина. Да напоменеме дека во месец март несовесни граѓани извршија корнење и кршење на засадените дрвја по Дабнички канал во делот од кај типската населба.