ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, на своите работници и на сите работници во државава им го честита 1 мај, Меѓународниот ден на трудот.
Вработените од „Комуналец“ и понатаму ќе им овозможуваат на сите граѓани од Општина Прилеп, здрава и чиста животна средина, со чисти улици, зелени паркови, цветни алеи и правилно третирање и управување на отпадот.
Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, и кај нас 1 мај има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.