Почитувани корисници на услугите на ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, погодени од кризата настаната со Ковид 19
Врз основа на Одлуката 02-817/1 од 6.04.2020 година од Управниот одбор при ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, донесена од Советот на Општина Прилеп, се ослободуваат од плаќање на надоместокот за подигање на отпад за месеците април и мај:
– самохраните родители со минимални примања;
– и корисници на социјална помош(минимална парична помош).
Истите потребно е да ги достават следниве документи до Одделението за премер и контрола:
–Барање за ослободување од плаќање
-Потврда од корисник на минимална парична помош издадена од Центарот за социјални работи- Прилеп;
– Сметката да гласи на име на корисникот и да е извршено плаќање заклучно со 12 месец 2019 година;
– Фотокопија од лична карта или патна исправа;
Потребните документи да се достават најдоцна до 15.05.2020 година, до Одделенито за премер и контрола во седиштето на ,, Комуналец,,.
Врз основа на Одлуката 02-817/1 од 6.04.2020 година од Управниот одбор при ЈКП„Комуналец“ – Прилеп се ослободуваат од плаќање на надоместокот за собирање на отпад сопствениците на дуќани и самостојните занаетчии кои работат во Старата чаршија.
Истите да ги достават следните документи:
–Барање за ослободување од плаќање
-Фактирите да се платени заклучно со 12 месец 2019 година( доказ ф-ра 12 месец);
-Потврда од тековна состојба на постара од 6 месеци;
-Фотокопија од ЛК или патна исправа за самостојните занаетчии.
Барањето по двата основи можете да го подигнете од „Комуналец“, или да го симнете од ВЕБ страната: www.komunalecprilep.com.mk
Потребните документи за дуќани и самостојни занаетчии да се достават најдоцна до 05.05.2020 година до Одделенито за премер и контрола. Ненавремено и некомплетни доставени документи нема да се разгледуваат.
Воедно, се информираат правните субјекти корисници на услугите од ,,Комуналец,, дека од месец мај, фактурата за услугата подигање на отпад ќе се дотавува со електронска пошта. Сите правни субјекти кои немаат официјален е-мајл во Централен регистар, да достават нивна е-мајл адреса на официјалните мејлови од „Комуналец“: presskomunalec@yahoo.com или komunalecprilep@yahoo.com.