Прецветуваат раскошните јапонски цреши во Прилеп

„Убавина за очи и душа”, „Прилеп во розов раскош”, „Најубавата цветна уличка во Прилеп”, „Неможам да верувам на очиве на убавината која му се случува на Прилеп во овој момант”, се само некои од коментарите од нашите сограѓани на социјалните мрежи.

Но, во овој период почнуваат да прецветуваат јапонските цреши што создава и тага кај жителите на Прилеп, зашто цветот трае околу 30 сетина дена. Заради Ковид -19 многумина наши сограѓани годинава неможеја да ја почувствуват радоста и бескрајот од цветот на црешите во срцето на Старата прилепска чаршија и на плоштадот „Методија Андонов -Ченто“. За сите нив, фотогалерија.

Можеби ќе ви се допадне