Дождливата пролет не им остава мегдан за работа на комуналците. Тие секое убаво време го користат за косење на тревата во парковите, диво израстените треви по јавните површини и парк шумите.
Деновиве се искосија скоро сите маалски паркови во градов и детските тревнати игралишта и паркови во населените места. Бујната вегетација на некои места се коси и по трет пат, а од кога ќе се заврши со косењето низ населбите, планирано е да се косат и сите излези од градот.