Се чисти вливот на Дабнички канал во Градската река

По повеќе децении со специјални машини темелно се чисти т.н рачва помеѓу Дабнички канал и Градската река.

Целта на овој зафат е конечно во Градската река да потече бистра вода. Комуналците се надеваат дека ќе проработи свеста кај поедини граѓани и нема неодамна чистениот Дабничкиот канал да им петставува канта за ѓубре. Многумина се дрзнуваат да го критикуваат „Комуналец“ дека тоа им било работа да исчистат таму каде што граѓаните ќе извалкаат.

Но, вреди ли постојано беспотребно да се „фрлаат“ пари за чистење, кога истите може да се употребат за општи добра за граѓаните.

Можеби ќе ви се допадне