“Комшии против ѓубрето”

Се собрале луѓето во Општина Карпош, Нерези и акцијата си ја нарекле “Комшии против ѓубрето”, испечатиле и флаери и… победиле!!

Двете фотографии се од Карпош, третата е од Прилеп утрово, од Врбејско маало до новоизградениот парк. Овие комшии со години одлагаат вака отпад, многу ѓубре околу празни контејнери. На потег е „Комуналец“ да исчисти се, по викенд домашното чистење без свест и совест да се научи барем малку како да се победи отпадот, дека се не оди на куп, а може и да се рециклира.

Секој отпад си има свое место, ако се сака, не и во случајот со еколошкиот остров Врбејско маало.

Можеби ќе ви се допадне