Се чисти Дабнички канал

Комуналните работници од денеска ги чистат камените sидови од Дабнички канал од трева и плевели, како и од отпадоци, на потегот од мостот кај типската населба до вливот во Градската река. По рачното чистење на зидовите, ќе се врши и машинско чистење на коритото и транспорт до депонијата во Алинци.

Поплавите предизвикани од невремето кои на два наврати се случија летово, беа поука за сите, и за прва пат на овој дел од Дабнички канал не се случува да се исфрлаат големи количини на отпад. Да се надеваме дека свеста и совеста кај поедини граѓани е пробудена, и за било кој отпад можат да се обратат до јавното претпријатие и да бидат услужени.

Можеби ќе ви се допадне